Мицкоски ја честитал победата на „Студетска листа“: Добрите односи да се развиваат

Објавено:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа, која победи на предвремените парламентарни избори во Србија.

„Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува. Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“, објави Мицкоски на социјалните мрежи.

Исходот за Студентската листа според првичните проценки објавени во изборната ноќ во Србија, се околу половина милион гласови повеќе и убедливо парламентарно мнозинство. На изборите главната политичка битка се водеше меѓу Српската напредна странка на поранешниот српски претседател Александар Вучиќ и Студентската листа,

Вучиќ го призна поразот, соопштувајќи дека студентското движење освоило околу 2,2 милиони гласови, наспроти приближно 1,7 милиони колку што освои неговата политичка партија Српска напредна странка (СНС).

Станува збор за заокружени бројки што ги изнесе Вучиќ, додека конечните официјални резултати сè уште се очекуваат.

На предвремените парламентарни избори во Србија, околу 6,4 милиони избирачи избираа пратеници во 250-членото Народно собрание.