Можни економски сценарија од војната: Најлошото е и најверојатно

Објавено:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за раст поради скоковите на цените на енергенсите (првенствено нафатата) предизвикани од војната на Блискиот Исток и смета дека светот веќе се движи кон понеповолно сценарио со многу послаб раст. Поради големата неизвесност околу конфликтот на Блискиот Исток, ММФ презентираше можни сценарија за раст, во зависност од тоа како ќе се одвива војната.

Според најлошата прогноза на ММФ, глобалната економија е на работ на рецесија, со просечни цени на нафтата од 110 долари за барел во 2026 година и 125 долари во 2027 година. Најлошото „тешко сценарио“ на ММФ претпоставува продолжен и продлабочувачки конфликт и многу повисоки цени на нафтата што ќе предизвикаат големи поместувања на финансиските пазари и построги финансиски услови, намалувајќи го глобалниот раст на 2%.

ММФ го избра најбенигното сценарио за својата „референтна прогноза“ за светските економски перспективи, која претпоставува краткотраен конфликт и нормализирање на цените на нафтата во втората половина од 2026 година, со просек од 82 долари за барел за годината – далеку под референтната цена на фјучерсите за сурова нафта Брент во вторникот од околу 96 долари.

Но, главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас, излезе со изјава дека таа прогноза можеби е веќе застарена. Според него, поради непридвидливоста на војната, неповолното сценарио на ММФ изгледа сè поверојатно. Тој среден пат предвидува подолг конфликт што ги одржува цените на нафтата околу 100 долари за барел оваа година и 75 долари во 2027 година, при што глобалниот раст ќе падне на 2,5% оваа година од 3,4% во 2025 година.

scenario najloso mmf
Инфографика: Најлошото сценарио за енергијата во 2026 и 2027 според ММФ
Инфографика: Најбенигното сценарио за енергијата во 2026 и 2027 според ММФ
scenario na mmf najverojatno
Инфографика – Најверојатно сценарио за енергијата во 2026 и 2027 според ММФ