НАТО: Дронот што вчера падна врз зграда во Романија бил руски

Објавено:

Дронот што падна врз станбена зграда во Романија за време на напад врз соседна Украина, бил руски, соопшти портпаролот на НАТО, Мартин О’Донел, јавија светските новински агенции.

„НАТО ќе процени како да ја зајакне одбраната на Романија и НАТО од закани од беспилотни летала“, наведуваат од Алијансата.

Во меѓувреме, постојаниот претставник на САД во НАТО, Метју Витакер го осуди „неодговорниот упад“ во колумна на Икс и вети дека Соединетите Американски Држави „ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“.

Дронот удри вчера во повеќекатница во романскиот град Галати, во близина на границата со Украина.

„Ударот предизвика пожар на десеттиот кат од зградата, а две лица, жена и 14 годишно дете, со полесни повреди се згрижени на лице место“, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи на Романија, земја која е членка на ЕУ и НАТО.

Романија ја обвини Русија за „сериозна и неодговорна ескалација“. Русија вчера не го коментираше инцидентот.