Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина.
На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера.
Берзите на почетокот од неделата се смирија откако американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од нов бран напади врз иранската енергетска инфраструктура.
Според дел од аналитичарите денешното намалување на цената на нафтата е претеран бидејќи сè уште е голема неизвесноста.
Во Македонија дизелот поскапува, а бензинот поевтинува
Од ноќеска на полноќ 4/5 август 2026), цената на дизелот се зголемува за еден денар по литар и од полноќ ќе чини 99,5 денари. Бензините поевтинуваат за два денари и тие од полноќ ќе се точат за 91, односно 93 денари за литар.
Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и
ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Во моментов дизелот има највисока цена во последните 3,5 години и се продава за Последен пат поскап дизел сме имале на почетокот на ноември 2022та додека неговата највисока цена во историјата е регистрирана пред 4 години кога се продаваше и за 111 денари по литар. Во истиот период најскапо се продаваше и бензинот кој тогаш се точеше за 110 денари.



