Патарини и на магистралните и регионалните патишта за камионџии кои избегнуваат да платат

Објавено:

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, најави дека се планира воведување електронска наплата на патарини преку портали на регионалните и магистралните патишта за камиони кои избегнуваат да платат патарија. Според Трајановски, од ова бидат изземени автомобилите, автобусите и другите нетоварни возила.

Трајановски вели дека наплатата ќе се регистрира преку тагови и со читање на регистарските таблички.

Идејата за ова, како што вели, е веќе да не се дозволува камионите со возење по регионални патишта да избегнуваат да платат патарина.

Трајановски даде и образложение зошто ова се воведува само за камионите. Примерот што го даде се однесува на регионалниот пат од Маџари за Идризово. Вели дека камионите најчесто се исклучуваат на клучката кај Кадино и Идризово и потоа возат покрај Петровец, за кај Катланово повторно да се вклучат на автопат.

„На овој начин ја избегнуваат наплатната станица ‘Петровец’, но освен тоа ја нарушуваат безбедноста во населените места и ги оштетуваат патиштата“, рече Трајановски во гостување на Телевизија 24.