Пресуда за масакарот во „Рибникар“ – затвор за родителите на Коста Кецмановиќ

Објавено:

Затворска казна е пресудата за Милјана и Владимир Кецмановиќ, родители на Коста Кецмановиќ, момчето кое уби девет ученици и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар на 3 мај 2023 година.

Таткото Владимир Кецмановиќ доби 14 години и шест месеци затвор, а мајката Милјана е осудена на на две години и 11 месеци.

Обвинителството, во своите завршни зборови, предложи Кецмановиќ да бидат осудени на максимални затворски казни – Владимир Кецмановиќ на 14 години и 11 месеци, а Милјана Кецмановиќ на три години затвор.

Од друга страна, одбраната побара ослободителни пресуди наведувајќи дека наводите од обвинителниот акт не се докажани, односно дека обвинетите не ги сториле кривичните дела за кои се товарат.

На Владимир и Милјана Кецмановиќ им се судеше на повторена постапка откако Апелацискиот суд во Белград нареди повторно судење и ја поништи првостепената пресуда со која Милјана беше осудена на три години, а Владимир на 14 ипол години затвор.

По масовното убиство извршено од тогаш малолетниот Коста Кецмановиќ, ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“, беа покренати два законски процеси – кривични постапки против неговите родители, како и сопственикот и инструкторот на стрелиштето каде што учел да пука и неколку судски постапки за надомест на штета на оштетените страни.

Неговите родител за надомест треба да платат околу 3,5 милиони евра.

Момчето кое пукаше во училиштето е во психијатриска установа од трагедијата досега. Сепак, против него е покрената граѓанска постапка, бидејќи ова е единствената законска рамка во која тој формално може да сноси одговорност за последиците од своите постапки.