Приведен 75 годишен патник и евакуиран авион на пистата во хрватски Сплит е исходот од непристојниот коментар на осомничениот патник во лет на „Ер Србија“ од Сплит кон Белград. Авионот на писта бил сопрен непосредно пред полетувањето, откако еден од патниците го спомнал зборот „бомба“.
Авионот требало да полета во 15:20 часот и веќе се подготвувал за заминување кога до него пристигнало полициско возило. Според сведоштво на патниците за дневник.хр во авионот влегле неколку полициски службеници и привеле возрасен маж кој седел во предниот дел на авионските седишта.
„Седевме на пистата кога ненадејно во авионот влезе полиција, некои во униформи, други во цивилна облека. Низ прозорецот видов полициско возило до авионот. Тие изведоа еден постар господин со седа коса, кој седеше во третиот или четвртиот ред“, изјави патникот Винко Паиќ за дневник.хр.
Кога Пајиќ ја прашал стјуардесата што се случува, таа му одговорила дека патникот го споменал зборот „бомба“. Според неговото сведоштво, неколкумина од страв излегле од авионот, а околу 15:40 часот пилотот преку разгласот побарал сите да го напуштат леталото за да се изврши безбедносна проверка. По завршувањето на прегледот, патниците се вратиле во авионот и полетале кон Белград.
По завршената безбедносна проверка, во авионот не била пронајдена експлозивна направа, и во 19 часот полетал од Сплит кон Белград.


