Доделена Нобеловата награда за медицина

Објавено:

Научниците Карл Дајсерот, Питер Хегеман и Георг Најџел се добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година, за откритија поврзани со јонски канали контролирани од светлина и оптогенетика.

Оптогенетиката е метод што им овозможува на научниците да ја користат светлината за да ја вклучат и исклучат активноста на одредени нервни клетки.

Со ова, тие можат многу прецизно да проучат како одредени групи неврони влијаат врз функционирањето на мозокот, однесувањето, емоциите и другите процеси.

Тројцата добитници ќе го поделат паричниот дел од наградата во вредност од 12 милиони шведски круни, или околу 1,1 милион евра.

Нобеловата награда за медицина е првата Нобелова награда оваа година, а добитникот на наградата за физика ќе биде објавен во вторник.

Хегеман е ангажиран на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, додека Нагел е на Универзитетот во Вирцбург, исто така во Германија.

Дајсерот е ангажиран во Медицинскиот институт „Хауард Хјуз“ и на Универзитетот Стенфорд.