Радев свика итен состанок, нападнати бродови во Црно Море

Објавено:

Дронови нападнаа трговски бродови во бугарските води во Црно Море.

Нападот е прв од таков вид врз бродови во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црно Море во близина на Варна, јавија бугарските медиуми.

Во водите на Црно Море во тек е голема спасувачка операција.

Според првичните податоци, целите на нападите биле два товарни брода, едниот со знаме на Того и другиот со знаме на Палау.

Моментално нема официјални информации за судбината на екипажите на бродовите.

По овој инцидент, премиерот на Бугарија Румен Радев свика итен состанок со претставници на институциите, соопшти владината прес-служба.

Ќе учествуваат претставници на Министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт, за животна средина и води, на претседателската институција и безбедносните служби.

Бугарската претседателка Илијана Јотова поради инцидентот ја откажала посетата на Велико Трново.