Цените на горивата во САД ги покачува тоа што Украина ги уништува нафтените рафинерии во Русија, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека врз цената не влијае ситуацијата во Ормускиот Теснец.
„Она што ја крева цената на бензинот веќе не е Ормус- бидејќи сега речиси секојдневно се испорачуваат рекордни количества нафта, туку прашањето за рафинериите: оние во Русија што Украина ги разнесува и оние нашите што ги затвораат „Демократите“ во „сините“ сојузни држави, како Калифорнија“ напиша Трамп на Трут Соушл.
Претходно повеќе американски медиуми пренесоа дека Трамп размислува да воведе забрана за извоз на дизел од САД, иако самиот тврдеше дека е оптимист во поглед на падот на цените откако протокот на нафта низ Ормускиот Теснец се зголеми во последните денови.


