Москва нападната од стотици украински дронови

Објавено:

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин соопшти дека вкупно 650 украински дронови ноќеска биле искористени за напад врз московската област, од кои 105 биле уништени на приодите кон руската престолнина.

„Во периодот од 20:30 часот на 5 октомври до 5 часот на 6 октомври, кон московската област летале 650 дронови. Голем дел од нив биле уништени од силите на противвоздушната одбрана на оддалечените одбранбени линии. На приодите кон Москва биле уништени 105 дронови“, напиша Собјанин на својот канал на мобилната апликација „Макс“.

Според руските медиуми, станува збор за еден од најголемите напади со дронови врз руската престолнина во последните две години.