Репрезентацијата на БиХ и испадната од Мундијалот запишува рекорди

Објавено:

Натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина, кој заврши со резултат 2:0, во шеснаесетинафиналето на Светското првенство во фудбал, постави нов рекорд во САД и стана најгледаниот фудбалски натпревар во историјата на американската телевизија. Според прелиминарните податоци, преносот на англиски и шпански јазик го следеле повеќе од 33,5 милиони гледачи.

Преносот на телевизијата Fox, која ги емитува натпреварите на англиски јазик, во просек го следеле 24,429 милиони гледачи, а во еден момент бројката достигнала 31,883 милиони. Со тоа е урнат рекордот за најгледан фудбалски телевизиски пренос на англиски јазик во историјата на САД.

Досегашниот рекорд го држеше финалето на Светско првенство во фудбал за жени 2015 меѓу САД и Јапонија, кое го следеа 22,3 милиони гледачи.

До сега, на актуелното светско првенство, најгледан натпревар беше мечот меѓу Мексико и Еквадор, со 29,3 милиони гледачи, но натпреварот меѓу САД и БиХ го надмина тој резултат за повеќе од четири милиони гледачи.

Во САД големите спортски настани се емитуваат на повеќе јазици. Fox ги поседува правата за англискиот пренос, додека Телемундо и Пикок ги емитуваат натпреварите на шпански јазик. Шпанскиот пренос на натпреварот привлекол дополнителни 9,1 милиони гледачи, па вкупната публика достигнала повеќе од 33,5 милиони.