Европската доверба во американската „безбедносна гаранција“ достигна историски минимум, покажува анкета објавена од тинк-тенк организацијата Европски совет за надворешни односи (ECFR), пишува „Гардијан“.
Анкетата открива длабока европска недоверба во САД, посочуваат авторите на извештајот. Таа била спроведена во 15 земји во Европа, а резултатите покажуваат дека оти само еден од 10 луѓе ги гледаат Соединетите Држави како сојузник.
Во извештајот се посочува оти меѓу причините за ваквата длабока европска недоверба во САД е поради агресијата на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток, заканите кон Гренланд, ветувањата за повлекување на трупите од европските бази и скептицизмот за иднината на НАТО.
Иако многу Европејци, според анализата, сметаат дека односите со Вашингтон ќе се подобрат откако Доналд Трамп ќе ја напушти функцијата, тие во меѓувреме се сè повеќе подготвени да се заштитат од несигурноста на САД со зајакнување на одбраната на Европа.
Трендот на недоверба на Европејците расте. На пример, сегашните 11% испитаници кои ги гледале САД како сојузник при анкетирањето во мај, шест месеци претходно бил 16%. Во ноември 2025, пак, 22% од европските граѓани ги сметале САД за сојузник.
15-те европски земји во кои била спроведена анкетата се: Австрија, Бугарија, Данска, Естонија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.


