Професорот Александар Чупиќ од „Студентската листа“ денеска беше избран за претседател на Народното собрание на Србија. Од 239 пратеници што учествуваа во гласањето, 140 пратеници гласаа за Чупиќ, додека 97 гласаа за Стојан Раденовиќ, кандидат од листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“.
Резултатите од гласањето беа проследени со силен аплауз.
По изборот, Чупиќ ја презеде функцијата и седна на претседателското место во Собранието.
Во првото свое обраќање тој повика да се врати достоинството на парламентот, но и на секој пратеник.
„Доверена ми е големата чест, обврска и одговорност да бидам прв меѓу еднаквите, заедно со потпретседателите што ќе ги избереме, да претседавам со овој законодавен дом“, рече Чупиќ и додаде дека граѓаните очекуваат пратениците да го земат предвид секој збор изговорен во Домот на Народното собрание.
„Затоа, дијалогот и толеранцијата мора да станат модел на политичка култура за секој од нас. Дијалогот, како најмоќна алатка за донесување закони и одлуки, мора да земе предвид пет работи: првата е еднаквоста, мора да бидеме рамноправни со лицето со кое разговараме. Втората е внимателноста, мора внимателно да го слушаме лицето со кое разговараме и дека не се водиме од Деловникот, туку од нашите чувства. Третата е учтивоста, особено во употребата на зборови и гестови“, рече Чупиќ.
Тој изрази жалење што пратеничката Лидија Вукиќевиќ од Српската народна партија (СНС) беше полеана со јогурт на влезот во Парламентот на 17 ноември и рече дека му е жал што таа не е присутна за лично да ѝ се извини. Исто така, изрази жалење што парламентарната администрација не ѝ дозволи на студентската делегација да биде во галеријата на собраниската сала на 17 ноември, велејќи дека сега ќе има промена на местата, некои што го гледаа парламентот на телевизија ќе го гледаат во живо и обратно.
Кажа и дека дека контролата ќе биде зголемена и вети дека ќе биде строг и фер.
„Строг кон себе, но фер кон вас“, рече Чупиќ.
Александар Чупиќ е доктор на науки, доцент на Сообраќајниот факултет во Белград. Од Белград се преселил да живее во село во општина Сопот, јужен Белград каде води земјоделско стопанство. Одгледува органски овошје и зеленчук.
Со сопругата Ана, лекарка по професија, имаат шест деца.
На пошироката јавност Чупиќ ѝ стана познат за време на минатогодишните студентски протести во Србија. Во февруари 2025 година, тој и неговото семејство ги отворија вратите на својот имот во Сопот за да обезбедат преноќиште за студентите кои пешачеа кон Крагуевац, по што активно се придружи во протестните маршеви.
Искуството со студентските пленуми и поддршката за студентското движење го доведоа меѓу кандидатите за претседател на Народното собрание на Србија.


