Се урна МиГ-29 на српската војска, загина пилотот

Објавено:

Пилот на авион на српската војска „МиГ-29“ загина при пад на леталото на нива меѓу Нова и Стара Пазова, потврдено е за Радио-телевизија Србија.

Станува збор за авион „МиГ-29“, кој припаѓал на 204. воздухопловна бригада, стационирана на аеродромот во Батајница.

На местото на несреќата се припадници на Војската на Србија, полицијата и Воената полиција, како и пожарникари и екипи на Итната медицинска помош.

Засега нема официјални информации за причините за падот на авионот.

Министерството за одбрана на Србија сè уште нема објавено соопштение за несреќата.