Швајцарците го отфрлија ограничувањето на населението на 10 милиони

Објавено:

Граѓаните на Швајцарија го отфрлија предлогот за ограничување на населението на земјата на 10 милиони.

Резултатите од референдумот одржан денеска (14 јуни) покажаа дека речиси 55% од гласачите гласале „против“, а 45% гласале „за“. Излезноста беше 60% од населението.

Предлогот дојде од десничарската Швајцарска народна партија, која долго време води кампања на антиимиграциска платформа. Доколку беше прифатен предлогот, во пракса тоа би донело и забрана за доселување странци.

Но, паралелно позитивно изјаснување ќе значење и загрозување на договорот за слободно движење на земјата со Европската Унија.

„Против“ референдумското прашање беше владата како и сите останатите поголеми партии и бизнис секторот. Тие тврдеа дека прифаќање на ваков предлог ќе ги лиши болниците и хотелите од многу потребниот персонал за работа и ќе ги наруши тешко изградените односи со Европската унија, оставајќи ја Швајцарија, која не е членка на ЕУ, изолирана во многу ризичен свет.

Власта го поздрави гласањето „против“, а швајцарскиот министер за правда, Беат Јанс, рече дека тоа е „знак на стабилност, отвореност и сигурност“.

Населението на Швајцарија расте брзо од 2002 година, кога изнесуваше 7,3 милиони. Сега е 9,1 милион, од кои 27% не се швајцарски државјани.