„Сомнително лице“ размени оган со Тајната служба кај Белата куќа

Објавено:

Тајната служба разменила оган со „сомнително лице“ во близина на Белата куќа.

Лицето било застрелано од агентите и потоа хоспитализирано.

Додека агендите кои патролирале покрај надворешниот периметар на комплексот на Белата куќа идентификувале лице за кое заменик-директорот на Тајната служба, Метју Квин, рече дека било „сомнително лице кое изгледало дека има огнено оружје“.

Тој пробал да избега откако агентите му се приближиле при што пукал кон нив кои возвратиле.

Во размената на огнот, осомничениот повредил и тинејџер кој бил пренесен во болница, но не е во животозагрозувачка состојба.

Кратко пред инцидентот, на тоа место поминала колона возила во која се движел потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.

Сепак, како што рече Квин, нема индикации дека осомничениот имал намера да се приближи кон колоната на Венс.

Настанот се случил надвор од имотот на Белата куќа.

Состојбата во Вашингтон е на ниво на готовност изминативе денови откако маж пукаше за време на вечерата на претседателот Доналд Трамп и други функционери од неговата администрација со новинари – репортери од Белата куќа.

На прашање дали инцидентот со „сомнителното лице“ е поврзан со „други неодамнешни обиди“ за атентат врз животот на претседателот Доналд Трамп посочи дека тој бил во Белата куќа кога се случил настанот, но не знае дали лицето било упатено кон претседателот или не.