Топлотен бран ширум светот

Објавено:

Европа се соочува со рекорден топлотен удар, додека низ континентот, кој се соочува со најбрзо растечко глобално затоплување, беснеат пожари.
Стотици пожарникари веќе четврти ден се борат со пожарите северозападно од Атина.
Ова лето Европа беше погодена од шумски пожари по периоди на рекордни топлотни бранови и мала количина дожд, услови за кои научниците велат дека се влошени од растечките климатски промени.
Франција и Шпанија беа особено тешко погодени, иако огромните пожари се смирија за време на викендот.
Во Македонија се активни неколку поголеми, претежно шумски пожари.
Темпераурите се искачуваат над 40 степени, медицинските екипи се почесто интервенираат, а се бележат и смртни случаи како последица на топлотниот бран и високите температури.