Трамп ќе го додели трофејот на финалето на Светското првенство

Објавено:

Пседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, ќе му го додели трофејот на победникот на Светското првенство, потврди првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, јави Ројтерс.

Двајцата имаат изградено добри односи во последно време, но Трамп имаше малку јавни настапи откако започна Светското првенство во САД, Канада и Мексико, според Ројтерс.

Сепак, Инфантино откри дека Трамп ќе има клучна улога по финалето на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, слично како минатото лето, кога Светското клупско првенство се одржа на американска почва.

„Ќе бидеме заедно со претседателот, уживајќи во финалето и предавајќи му го трофејот на победникот, секако, заедно“, рече Инфантино во емисија на американската телевизиска станица Фокс.

ФИФА не излезе со коментар.

Протоколот на ФИФА диктира трофејот да се постави на пиедестал, а потоа да се носи на подиумот
од член на победничкиот тим.

Финалето на Светското првенство ќе се игра на 19 јули во Ист Радерфорд, во близина на Њујорк, родниот град на Трамп.