Украина ги продолжила нападите со беспилотни летала врз руските рафинерии за нафта и пристаништа во среда, два дена по истекот на тридневниот прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.
Руското Министерство за одбрана објави дека 286 украински беспилотни летала биле пресретнати и уништени над руските региони во текот на ноќта.
Во јужниот регион Краснодар, делови од беспилотни летала паднале во близина на индустриски погон и предизвикале пожар во селото Волна, каде што се наоѓаат нафтени деривати и други терминали на руското пристаниште Таман, објавија регионалните власти.
Остатоци од посебен украински напад со беспилотни летала предизвикаа пожар во погон за преработка на гас, кој исто така произведува гориво, во јужниот регион Астрахан во Русија.
Сите непријателски беспилотни летала биле соборени или неутрализирани од системи за електронско војување, објави локалниот гувернер Игор Бабушкин на Телеграм. Остатоци предизвикале пожар.
Бабушкин додаде дека немало жртви или повредени и дека пожарот треба да биде изгаснат за неколку часа.
Фабриката се наоѓа во близина на Каспиското Езеро, на околу 1675 километри од украинската граница.
Украина ја таргетира руската енергетска инфраструктура за да ги намали приходите на енергетскиот сектор на Москва и да ја ослабне својата воена моќ додека продолжува четиригодишната војна.
Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 феврусри 2022 година.


