Унгарските пратеници си ги намалија платите за 40 отсто

Објавено:

Без ниту еден глас против, унгарските пратеници си зигласаа намалување на нивните плати за 40 проценти, за, како што наведоа, „да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност“, објавија светските новински агенции.

Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на Парламентот.

Од следниот месец основната бруто плата на унгарските народни избраници ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на Парламентот. Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал.

Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.

Според Ференц Биро, раководител на независен антикорупциски орган, за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, корупцијата ја чинела Унгарија најмалку 186 милијарди евра, пренесе Ројтерс.