Видео – Трамп и Венс до новинар: Дали си ти болна личност? Имбецил

Објавено:

Американскиот претседател Доналд Трамп, по прашање од новинарот Ендру Фајнберг од „Индипендент“ во Овалната соба, побара од новинарот да замолчи и му рече дека за него мисли оти е „болен“, пренесоа светските медиуми.

Фајнберг го почнува прашањето со забелешка дека Трамп поседува повеќе голф-терени, но претседателот го прекинува со зборовите: „Чекај, чекај…“.
Новинарот продолжува, но Трамп му враќа: „Тивко, тивко…“, а потоа го прашува „Дали е болна личност?“
„Не, колку што знам, господине“, одговорил Фајнберг.

Подоцна истиот ден, новинарот во својот извештај навел дека неодамна го направил редовниот годишен здравствен преглед и дека е здрав. Додал дека само си ја вршел работата и дека следниот ден повторно ќе се врати, пренесоа светските новински агенции.

На социјалните медиуми имаше реакција и од американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој на платформата Икс објави снимка од разговорот, обвинувајќи го новинарот дека се однесувал несоодветно во Овалната соба, нарекувајќи го „имбецилен новинар“.

Фајнберг му возвратил дека, ако веќе го навредува, Венс барем треба да има храброст да го означи неговиот профил.