Во Грција до 10.000 евра на семејства кои сакаат да се населат во пограничните области

Објавено:

Финансиска помош до 10.000 евра ќе обезбеди грчката држава за семејства кои ќе одлучат да се преселат во пограничните области во државата. Во октомври ќе почне да работи посебна платформа за поднесување барања за преселба, јавија грчките медиуми.

Платформата е дел од сеопфатна иницијатива за обезбедување стимулации за демографски развој и поддршка за пограничните области.

Министерката за социјална кохезија и семејство Домна Михаилиду изјави дека иницијативата е наменета и за грчките граѓани кои моментално живеат во странство и сакаат да се вратат во својата татковина.

На пример, на островот Кастелоризо во Егејското Море, во близина на брегот на Турција, оние кои сакаат да се населат таму ќе добиваат годишна финансиска помош од 5.000 евра. За секое дете, семејствата ќе добијат дополнителни 1.000 евра. Планирани се градинка и училиште, а ќе има и дополнителни стимулации за најбараните специјалисти, како што се лекарите.

Последни објави