Во централниот дел на Токио е соборен досегашниот рекорд за најдолг врнежлив период откако се водат метеоролошките мерења, затоа што денеска е регистриран 34-тиот последователен ден со дожд, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Во јапонската престолнина врне секој ден уште од 27 август, а претходниот рекорд изнесуваше 33 последователни дена со врнежи, во периодот од 27 јуни до 29 јули 2019 година.
Најобилните врнежи во текот на овој бран беа забележани на 21 септември, кога во централен Токио наврнаа 156 милиметри дожд на квадратен метар. Вкупната количина на врнежи до понеделникот достигна 629 милиметри, што е речиси трипати повеќе од просекот за целиот месец септември.
Според прогнозите, не се очекува овој продолжен период на врнежи наскоро да заврши. Дождот, главно во источниот дел на Јапонија, се очекува да продолжи најмалку до четврток, што се должи на задржувањето на есенскиот дождовен фронт кој вообичаено носи нестабилно време поради интеракцијата на сезонските воздушни маси.


