Вучиќ: Парламентарни избори во Србија на 18 или 25 октомври

Објавено:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека парламентарни избори ќе се одржат на 18 или 25 октомври и најавувајќи дека конечната одлука ќе биде позната за неколку дена.

„Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври, а ќе знаеме на кој ден“, рече Вучиќ во гостувањето Радио Телевизија Србија (РТС).

Тој претходно најави оставка од претседателската функција во пресрет на изборите. Со таков потег тој ќе го отвори патот да се врати на премиерската функција со оглед дека согласно уставните ограничувања, не може да бара уште еден мандат за претседател.

Власта во Србија, предводена од Вучиќ е под притисок да излезе на избори откако изминатиот период, под водство на студентите се одржаа низа масовни антивладини протести.

Мобилизацијата на студентите во Србија започна по трагедијата во Нови Сад на 1 ноември 2024 каде се урна настрешницата од железничката станица при што загинаа 16 лица.

Тие постојано инсистираат дека треба да се утврди одговорност на властите за трагедијата, додека Вучиќ и неговата владејачка партија Српската напредна странка (СНС) негираат одговорност и најавуваат контра собири што досега не се одржани.

Студентите ја блокираа работата на факултетите, маршираа низ цела држава, организираа низа протести и мобилизираа илјадници граѓани.

Последни објави