Десетици загинати, повредени и исчезнати при уривање на зграда во Газа

Објавено:

Најмалку 12 лица, меѓу кои и четири деца, загинаа, а 15 се повредени денеска во Газа при уривање на станбена зграда, во која биле сместени шест раселени семејства.
Десетици лица сè уште се водат како исчезнати или заробени под урнатините.
Екипите за цивилна заштита ги пребаруваат остатоците од зградата и користат багери за да се обидат да пронајдат преживеани. Станува збор за зграда која била делумно уништена во израелски напад претходно за време на војната.
Точната причина за целосното уривање сè уште не е утврдена.

Во Газа, повеќето згради се оштетени или уништени, а десетици повеќекатни згради се урнаа за време на речиси тригодишната војна, особено за време на зимските бури.
Уривањето на оштетените згради стана една од најголемите опасности во Газа, бидејќи раселените семејства често се враќаат од шаторските населби во домовите оштетени од бомбардирањето.

Последни објави