Илјадници работници протестираа во повеќе градови во Франција

Објавено:

Повисоки плати и подобри услови за работа, бараа илјадници работници кои протестираа низ Франција незадоволни од забрзаниот раст на трошоците за живот. Тие се спротивставуваат на актуелните мерки за штедење, како и на растот на трошоците за енергија.

Француската влада се обидува да го ограничи буџетскиот дефицит, но синдикатите предупредуваат дека товарот на овие мерки премногу се префрла врз работниците и јавните служби.

Во Париз, каде што протестите беа најмасовни, колоната ја предводеа полицајците како најбројна и најгласна група.

„Француските полицајци работат без никакви средства во борбата против криминалот. Ние сме петта европска земја според стапката на криминал, а немаме материјални ресурси, освен платата која не го следи растот на трошоците за живот. Се соочуваме со проблеми во секој оддел, додека криминалот постојано расте. Исклучително е тешко да ја извршуваме нашата работа“, изјави една од учесничките на протестот.

Последни објави