ФИФА под истрага поради цените на билетите за Светското првенство

Објавено:

Mеѓународната фудбалска федерација (ФИФА) е под истрага за наводно „вештачко зголемување на цените“ и „заблудување на навивачите“ за време на продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година.

Во заедничка изјава, обвинителките на Њујорк и Њу Џерси, Летиција Џејмс и Џенифер Девенпорт, изјавија дека цените за натпреварите од Светското првенство во 2026 година „далеку ги надминале цените од кој било претходен турнир на Светското првенство“.

Девенпорт оцени дека навивачите поминале низ „лавиринт од конфузија, лажни недостатоци и енормно високи цени“, додавајќи дека ќе се спроведе детална истрага.

ФИФА, исто така, доби судска наредба да обезбеди интерна документација и информации поврзани со продажбата на билети.

Поплаките од навивачите и обвинувањата за плаќање билети на една локација на стадионот, но добивање помалку пожелно седиште, привлекоа внимание.

Кога беше побарано да објасни зошто цените на билетите се зголемени од првичниот датум на продажба во октомври, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, посочи на ограничената понуда на билети за настанот, која е побарувана низ целиот свет.

Тужителите потврдија дека бараат информации за структурата на цените, локациите и седиштата и други детали за осумте натпревари од Светското првенство што ќе се играат на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси.

„Њујорчани со години чекаат Светското првенство да дојде во нивниот двор и заслужуваат фер шанса за прифатливи билети. Никој не треба да биде манипулиран да плаќа претерани цени за седишта, а навивачите треба да можат да веруваат дека билетите што ќе ги купат ќе бидат оние што ќе ги добијат“, вели Цејмс.

Дејвенпорт рече дека ФИФА го претворила купувањето билети за Светското првенство во тренинг-терен на конфузија, лажен недостиг и скандалозно високи цени – сè на штета на потрошувачите и вредните жители на Њу Џерси.

Поточно, ќе се испита зошто цените на билетите за Светското првенство во 2026 година ги надминале цените на сите претходни светски првенства.

Навивачите тврдат дека биле заведени во врска со локациите на седиштата, вклучително и последователното објавување на поскапи категории на билети поблиску до теренот.

Исто така, се наведува дека политиката на варијабилни цени низ различните фази од продажбата ѝ овозможила на ФИФА да ги зголеми цените за околу 90 од вкупно 104 натпревари, што е во просек за 34 проценти.

Светското првенство ќе се одржи во 16 градови во Канада, Мексико и САД од 11 јуни до 19 јули.