„Балканска љубов“ на фотографот Александар Црногорац претставува 99 визуелни приказни за мултиетнички парови од земјите на Западен Балкан. Станува збор за приказни на луѓе кои ја избрале љубовта пред границите, нацијата и религијата. Отворена e на Савското шеталиште на Калемегдан во Белград кон крајот на мај, изложбата е достапна за сите посетители.
„Овие луѓе покажуваат дека љубовта е најважна, дека сè е можно и дека нема народи на Балканот кои не можат да соработуваат,“ изјави на отворањето на изложбата авторот Александар Црногорац, пренесоа од Делегацијата на ЕУ во Србија.
Изложбата е поддржана преку проектот „Промоција на вредностите и политиките на ЕУ во Србија“, кој го реализира Европската куќа во Србија.
Фото и текст: РСЕ / Миљана Милетиќ










