Купови стари компјутери, фрижидери, батерии и по речиси седум месеци се расфрлани на локацијата во скопското село Трубарево, каде на 13 септември лани во голем пожар изгореа двата објекти на „Ф групација“, компанија за управување електронски отпад.
Жители со кои разговаравме се жалат на мирис на изгорено наутро, на гушење и на тешко дишење. Дел од нив покажуваат недоверба во институциите. Од истрагата за пожарот, информации сè уште нема. Од обвинителството велат дека таа е во тек и затоа не може да споделат детали.
Во продолжение погледнете во видеото од Трубарево, а сторијата на Колегиум.мк за тоа каква е сликата на терен и што велат институциите прочитајте ја ТУКА.


