Кувајтската војска синоќа соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнуваат напади од непријателски беспилотни летала.
Тие ги известија граѓаните дека експлозиите што се слушаат се резултат на дејствувањето на противвоздушната одбрана, пренесува кувајтската државна новинска агенција KUNA.
Генералштабот на кувајтската војска наведе дека системите за противвоздушна одбрана дејствуваат против непријателски летала и апелира до јавноста да ги следи безбедносните упатства издадени од надлежните органи.
Веста ја потврди и агенцијата „Ројтерс“, пренесувајќи ја изјавата на кувајтската војска во врска со нападите со беспилотни летала.
Кувајтските власти сè уште немаат објавено кој стои зад нападот, колку беспилотни летала биле вклучени, ниту кои биле целите. Исто така, нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.


