По 10 дена во вселената, Орион се враќа дома

Објавено:

Последната фаза, враќањето дома на астронаутите од Мисијата Артемис 2 е во тек. По десет дена патување низ вселената и обиколка околу Месечината, екипажот на капсулата Орион влегува во најдраматичната фаза.

Според последните објавени информации од НАСА, капсулата треба да слета (приводни) во Тихиот океан во 2 часот по полноќ по средноевропско време во близина на брегот на Сан Диего. Во последното нивно соопштение за подготовките за враќањето на екипажот дома, беше наведено дека наишле на мали потешкотии.

„Околу два часа пред палењето на моторите, дојде до неочекуван прекин на повратниот сигнал при промена на брзината на пренос на податоци, што влијаеше врз преносот на комуникациите и телеметријата од леталото кон Земјата. Набргу потоа беше повторно воспоставена двонасочната комуникација, а контролорите на летот продолжија со подготовките за претстојното палење заедно со екипажот“, се вели во соопштението на НАСА.

Astronaut na miisijata Artemis 2

Враќањето дома, се третира како вистински технолошки тест поради минатата беспилотна мисија Атремис 1, по која настана загриженост поради оштетувањата на штитот на капсулата настанато од топлинското оптоварување.

За време на повторното влегување во атмосферата, вселенското летало Орион ќе се соочи со температура и до 2.760 Целзиусови степени. Топлинскиот штит на капуслата е дизајниран полека да еродира, велат од НАСА, со цел заштита на капсулата. На претходната мисија во 2022 година, овој процес беше нарушен.

Од моментот на влез во атмосферата до конечното спуштање треба да поминат околу 13 минути. Ако се помине според планот, во рок од два часа по приводнувањето астронаутите ќе бидат извлечени од капсулата со хеликоптери и пренесени на американскиот брод, каде ќе поминат низ првични медицински проверки по мисијата.

Но, додека астронаутите не се вратат дома, прерано е да се зборува за успех, рече помошникот администратор на НАСА, Амит Кшатрија, на брифинг во четврток.

„Можеме да почнеме да славиме кога екипажот ќе биде безбедно во медицинскиот дел на бродот. Тогаш навистина можеме да дозволиме емоциите да преовладаат и да почнеме да зборуваме за успех. Мораме да го вратиме екипажот дома пред да го направиме тоа“, рече високиот функционер.

Приводнувањето на капсулата Орион нема да биде едноставен крај на мисијата за четиричлениот екипаж. Новиот предизвик за нив по десетдневната мисија е адапитање на гравитацијата што може за нив да значи од вртоглавици и слабост до нарушена рамнотежа.

Мисијата, лансирана на 1 април 2026 година, беше првото човечко патување околу Месечината по повеќе од половина век. Таа се впиша во историјата и по поставување на нов рекорд за најдалечно човечко патување во вселената, претходно поставен од „Аполо 13“ во 1970 година.