Венс пристигна во Швајцарија, почнуваат преговорите со Иран

Објавено:

Директните разговори меѓу САД и Иран треба да започнат во Швајцарија и покрај тоа што иранската војска објави дека повторно го затворила Ормускиот теснец поради нападите на Израел врз јужен Либан.

Од американската војска, пак, тврдат изјави дека „сообраќајот продолжува да тече“ во теснецот.

За одржување на разговорите, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, веќе пристигна во Швајцарија рано наутро во недела. Се очекува преговорите да започнат подоцна во текот на денот.

Во иранска делегација се претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, и министерот за надворешни работи, Абас Арагчи. Тие пристигнаа на швајцарско тло доцна во саботата.

На маса со претставници од САД и Иран ќе седнат и премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, и шефот на вооружените сили на земјата, Асим Мунир.

Пакистан ја има улогата на посредник во текот на целата војна и беше домаќин на претходната рунда преговори меѓу САД и Иран.

„Пакистан ќе продолжи да ја поддржува имплементацијата на договорите меѓу Иран и САД“, соопшти Министерството за надворешни работи на Пакистан во пресрет на разговорите.

Ванс изјави дека се надева оти ќе постигнат напредок „во врска со нуклеарното прашање“ и во врска со „прашањето за прекин на огнот во Либан“.

Зборувајќи со новинарите пред да полета од САД за Швајцарија, тој одговараше на прашања за судирите меѓу Израел и Хезболах оценувајќи дека „работите всушност се подобруваат“.

„Тоа ќе биде нешто што ќе мора постојано да го управуваме за да осигуриме дека Израел и Либан се безбедни и сигурни. Тоа е фундаменталната цел на ова, да се направи целиот регион безбеден и сигурен“, рече тој.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, пак, рече дека неговата земја ќе „бара од другата страна да ги исполни своите обврски“.

На оваа рунда преговори и претходеше потпишување почетен договор од страна на претседателите на САД и Иран со цел да се стави крај на војната, вклучително и во Либан. Документот предвидува обврска за понатамошни разговори меѓу страните за постигнување конечен договор во текот на следните 60 дена.