(ВИДЕО) Бугарите еуфорично ја пречекаа Дара на софискиот аеродром по победата на Евровизија

Објавено:

Бугарската пејачка Дара, победничката на Евровизија 2026, беше пречекана со громогласен аплауз, навивање и десетици обожаватели на Терминал 2 на аеродромот „Васил Левски“ во Софија, објави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Пејачката ја поздрави насобраната толпа, која ја пречека со бугарски знамиња, цвеќе и скандирање „Дара, Дара!“.

Погледнете го пречекот на евровизиската победничка:

„Бангаранга(насловот на евровизиската песна, н.з) е на сите!! Евровизија е сигурно почеток на мојата меѓународна кариера, од тука па натаму има уште многу за освојување. Затоа, да се фатиме за работа. Ова е лекција дека мора да ги поддржиме талентираните изведувачи во Бугарија. Ни треба вашата љубов за да го освоиме светот“, беа нејзините први зборови откако слета на софискиот аеродром.

Министерот за култура Евтим Милошев, градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, градоначалниците на окрузите и многу други дојдоа да ја пречекаат пејачката.

Дара во живо ја испеа победничката песна на аеродромот во Софија.