Огнот се спушти до првите куќи во битолското село Лознани, општина Могила, кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов и рече дека благодарение на битолските пожарникари и неколку селани е спречена катастрофа.
Линијата на пожарот е долга 8 километри.
Ангелов рече дека иако од една страна куќите кои се во близина се спасени, од другиот рид огнот се спушта повторно.
„Таму има друга екипа од битолските пожарникари, голема благодарност до нив. Постои опасност огнот од задната страна да загрози друго село, но верувам дека, што се однесува до ова село, сè ќе биде во ред“, кажа вечерва Ангелов.
Активирани се и тимовите за брз одговор на ДЗС, а на терен се и четири специјални возила „пинцгауери“.



