(ВИДЕО) Познат комичар дојде во Сараево да ја гледа БиХ, песни ечат на цел глас

Објавено:

Босна и Херцеговина вечерва од 21:00 часот се соочува со Швајцарија во исклучително важен натпревар од групната фаза на Светското првенство. Тоа го знаат и граѓаните на БиХ за што доказ е и атмосферата во главниот град Сараево.

Во пресрет на натпреварот се пеат песни на цел глас, а дополнително амбиентот го подгреа и присуството на светски познатиот комичар Басем Јусеф.

Египетско-американскиот комичар, кој е и телевизиски водител, како и поранешен кардиоторакален хирург, вечерва е во Сараево каде со фановите на фудбалот го следи вечерашниот натпревар.

Ова е втор натпревар на БиХ на мундијалот. Во првиот, ремизираше против Канада во Торонто, а нерешено со Катар одиграа и Швајцарците.

Ова е 32. Светско првенство. За првпат еден Мундијал се игра во три земји – САД, Канада и Мексико.