Во САД почнува предвремено гласање за среднорочните избори во ноември

Објавено:

Во американската сојузна држава Вирџинија денеска почнува предвременото гласање за среднорочните избори во САД, со што се влегува во последните шест недели пред гласањето на 3 ноември, кое ќе ја одреди контролата врз Конгресот.

Во неколку други држави, вклучувајќи ги Ајдахо, Минесота и Јужна Дакота, гласачите сега може да гласаат рано со лично предавање на гласачките ливчиња во изборна канцеларија или во гласачко место.

Изборите ќе го одредат новиот состав на Претставничкиот дом и дел од Сенатот, што моментно се контролирани од републиканците. Доколку демократите ја вратат контролата врз Конгресот, тоа би го променило политичкиот пејзаж во последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп, вклучително и со зголемување на парламентарната контрола врз неговата администрација.

Кампањата се одвива во услови на загриженост кај многу Американци за зголемувањето на трошоците за живот, цените на горивото и храната, тековната војна во Иран, брзиот развој на вештачката интелигенција и имиграциските политики на администрацијата на Трамп, јавија американски медиуми.

Во меѓувреме, Трамп продолжува да инсистира на промени во начинот на спроведување на изборите и на проверки на гласачките списоци за лица што не се државјани. Оваа недела Врховниот суд го отфрли обидот на неговата администрација да воведе нови ограничувања за гласање по пошта. Досегашните истражувања покажаа дека учеството на лица што не се државјани на изборите во САД е исклучително ретко.

Групите за права на гласачите ги повикуваат гласачите што планираат да гласаат по пошта да ги испратат своите гласачки ливчиња порано поради можно доцнење во испораката.

Последни објави