Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека предвремени избори се можни и оти никогаш не треба да се вели никогаш.
Владата работи за мандат од четири години, иако ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш е подготвена за избори.
„Ние сме подготвени секогаш за избори како политичка партија, но работиме за целосен мандат од четири години, за што сме го добиле легитимитетот од граѓаните“, истакна Мицкоски.
Од СДСМ, пак, обвинуваат дека премиерот Христијан Мицкоски и неговиот соработник Николоски се обидуваат да најдат оправдување за распишување предвремени парламентарни избори, поради, како што велат од партијата, падот на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и проблемите со кои се соочува власта.
Од опозициската партија тврдат дека анкетата што ја нарачала власта покажувала пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ за повеќе од 40 проценти во споредба со минатите избори.
Според СДСМ, власта се соочува со економски проблеми, дипломатски скандали и незадоволство кај граѓаните.
Од СДСМ обвинуваат дека буџетот е во сериозен недостиг, дека се најавува трет ребаланс и дека задолжувањето на државата за две години достигнало четири милијарди евра.


