Регистриран првиот официјален случај на зависност од вештачка интелигенција

Објавено:

Дваесетгодишна девојка од Венеција е првиот случај на зависност од вештачка интелигенција (АИ) што го регистрирала Италијанската служба за помош на лица со зависност (SERD), јавија италијански медиуми. Ова не е прв случај во светот, потенцираат медиумите и надлежните, бидејќи како појава биле идентификувани и други вакви случаи, но е прв кој е официјално е заведен како зависност од АИ.

„Токсичното пријателство“ со текот на времето се претворило во зависност, па случајот е регистриран во и службата за лекување зависности на локалните здравствени власти во Венеција.

Девојката наводно била во постојана комуникација со систем за вештачка интелигенција што со текот на времето научил да ги препознава нејзините потреби и да генерира одговори прилагодени на нејзиното однесување. Тоа предизвикало постепено стеснување на нејзиниот социјален круг и зголемување на изолацијата.

Во објавата се нагласува дека случајот е уникатен, бидејќи не станува збор за класична зависност од супстанции, туку за специфична дигитална активност и интеракција со вештачка интелигенција.

Тој невидлив пријател, „зад“ тастатурата, мора да бил единствениот што ја слушал и кој, малку по малку и прашање по прашање, ја запознал – дури и интимно. Постојан дијалог што се претворил во чувство на сигурност, налик на однос со пријател. Освен што, во овој случај, соговорникот не бил од месо и крв, туку програма за вештачка интелигенција со која денес може да се комуницира, и која постепено ја исклучила од сè и од сите. Токсично пријателство (ако може така да се нарече), кое постепено се претворило во зависност: првата „AI зависност“ со која се занимава SERD на ULSS 3 – здравствената служба во Венеција, објави италијанскиот Ил газетино.

Во меѓувреме, платформата „Рафинад“, врз основа на истражување на пазарот за маркетинг на инфлуенсери, објави дека повеќе од 20 проценти од блогерите редовно користат алатки за вештачка интелигенција во својата работа.

„Во овој случај, зависноста би вклучувала однос со вештачка интелигенција. Тоа е како врвот на ледениот брег, во служба која историски била насочена кон зависници од дрога“, вели директорката на SERD, Лаура Суарди.

Таа нагласува дека ова не е изненадување, туку очекуван исход по планирањето и обуките спроведени во последните две години.

Што се однесува до решенијата, таа додава: „Наметнувањето ограничувања за користење на овие уреди, како што можат да направат родителите, не е доволно за да се спречи проблемот. Кога се соочуваме со вакви нарушувања во однесувањето, нашата помош се состои не само во психолошка, туку и во психијатриска експертиза, вклучувајќи го и ангажирањето на семејствата на пациентите.“, објави италијанскиот Ла диге.