Најмалку седум ученици загинаа, а 97 лица се повредени во експлозија што се случила во зграда во близина на основно училиште во источната авганистанска провинција Кунар, соопштија локалните власти.
Експлозијата се случила во 10 часот по локално време, во станбена зграда во близина на училиштето, во областа Данд-и-Сир во оваа провинција, објави авганистанската новинска агенција „Пајхвок“.
Четири од повредените лица биле пренесени во регионалната болница во Џалалабад, додека на останатите им била укажана помош во Кунар.
Според информациите на агенцијата, експлозијата се случила кога се активирал експлозив складиран во зградата за потребите на рударството.


