Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег.
Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег.
Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег.
Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Од вторник метеоролозите предвидуваат ведро време со многу студени утра. Во некои делови од Македонија утринските температури ќе се спуштат и до минус 14 степени.


