Внатрешната контрола на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје затекна вработени како крадат значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров.
Ова на својот фејсбук профил го објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, додавајќи оти веднаш била повикана полиција.
Вработените ќе бидат отстранети од работа, а очекувам Обвинителството да отвори постапка и секој за кого ќе се утврди одговорност да одговара пред законот, напиша Ѓорѓиевски.
„Токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Секој што ќе биде фатен во вакво дело, ќе биде санкциониран“, вели градоначалникот.
Тој истакнува дека само со удар во чело, можеме да се избориме против корумпираните кои го уништуваат Скопје.


