Јотова тврди оти не знаела дека Ива Михаилова ќе избега во Бугарија

Објавено:

Бугарската претседателка, Илијана Јотова, тврди дека не знаела оти обвинетата Ива Михаилова ќе отпатува во Бугарија.

Јотова во изјава за бугарските медиуми уверува оти дознала за пристигнувањето на Михаилова откако таа се појавила во интервју на бТВ и вели дека повеќе информации за состојбата на девојката, додека околностите под кои пристигнала на бугарска територија допрва треба да се разјаснат.

Ива Михаилова е 23-годишна девојка од Кочани која има двојно државјанство – бугарско и македонско. Таа учествуваше во сообраќајна несреќа во која имаше загинато лице, за што е и обвинета. Михаилова бараше да замине во Бугарија за лекување поради повредите од сообраќајката, но со оглед дека е обвинета за истата сообраќајна нејзе и се одземени пасошите и има забрана за напуштање на Македонија.  

Од друга страна, со месеци наназад таа со нејзините адвокати обвинуваат дека е под репресија во земјава само затоа што била Бугарка.

За нејзиниот случај се разговараше и на високо ниво, па при минатонеделната средба на министрите за надворешни работи на двете држави беше договорено бугарски лекари да дојдат да ја прегледаат во земјава.

Откако утрово се појави во Бугарија, Михаилова за тамошните медиуми даде повеќе интервјуа и тврдеше дека легално ја поминала границата со нејзиниот адвокат и дека покажала лична карта. Бугарија е членка на ЕУ и влез од Македонија на бугарска територија со лична карта е невозможен.

Македонското Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со тврдење дека не е евидентиран никаков излез на обвинетата на граничните премини.

Министерството за надворешни работи, пак, испрати остра реакција дека за бегството на обвинетата Михаилова велејќи дека нејзиниот прием на високо ниво во Софија укажува дека „ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за развој на добрососедските односи“.

Инаку, Михаилова е ќерка на Симеон Михаилов од Кочани, лице познато на македонските безбедносни органи. За него има распишано меѓународна потерница за извршување затворска казна од 12,5 години.

Тој првично беше осуден на доживотен затвор, казна која по жалбените постапки му беше намалена.

Пресудата против него беше изречена како лице осомничено за обид за убиство на Драганчо Стименов во скопската населба Аеродром, како дел од кочанската група што беше уапсен во предметот „Детонатор“.